Пријателите се збогуваа со прегазената девојка: Ни почина Тамара

by fokus 23:18
23:18

Тамара, 19-години, завчера беше прегазена во скопската населба Драчево и тоа во моментот кога скопјани ја славеа Европската титула на ракометарите на Вардар. Додека го минувала пешачкиот премин ја прегазил мотор, по што починала.

Нејзините пријатели, скршени од болка, на социјалната мрежа фејсбук споделуваат нејзина фотографија и писмо:

- Advertisements -

„Вчера, ни почина Тамара. Нејзиниот грев? Да се најде на погрешно место во погрешно време. Нејзиниот живот скратен од незауздана прослава. Нејзиниот гениј, кој како една од најуспешните студентки на дефектологија ќе го искористеше за грижа за деца со пречки во развојот, прекинат бидејќи некој одлучил да ја стави неговата еуфорија пред општата безбедност. Скопје, Македонија и светот е посиромашен денес поради тоа. Го пишуваме ова не бидејќи ќе ја намали болката од нејзината загуба, го пишуваме ова бидејќи Тамара тоа би го сакала. Мислете на вашите блиски кога ќе се решите да седнете позади воланот пијани или кога ќе згрешите да помислите дека не можете да згрешите дури ни со огромна брзина. Ако единствената причина за вашето постоење на овој свет е намерно или ненамерно да предизвикате трагедија тогаш зошто се мачите да постоите?, пишуваат пријателите на Тамара.

Поврзани новости