Советот го прифати барањето на Владата за разрешување на Зврлевски

by fokus

Советот на јавни обвинители го прифати барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски на денешната седница.

Од 11 члена во Советот, право на одлучуање имаа десет члена. Зврлевски не присуствуваше на оваа седница бидејќи е член на Советот, но може писмено да одговори и да присуствува на собраниската седница во врска со неговото разрешување.

Сега Советот, мислењето треба да го врати до Владата и заедно со сите документи предлогот за разрешување да го испрати до Собрание, каде ќе се расправа за истото.

Два пати премиерот Зоран Заев бараше оставка од Зврлевски, но тој одлучи да молчи, по што Владата поднесе предлог за негово разрешување.

Поврзани новости