Прием на годишни сметки во Централниот регистар до 20 часот

by Fokus

Централниот регистар информира дека на 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година од 08:00 до 20:00 часот.

Во соопштението наведуваат дека микро и мали субјекти,  што нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16 март 2020 година.

На 27,28 и 29 февруари и на 16 март 2020 година за самостојните вршители на дејност, во Кратово, Демир Хисар и Крушево, каде Централниот регистар нема свои канцеларии ќе врши прием на годишните сметки во хартиена форма за 2019 година, во објектот на Општина Кратово, за субјектите од Кратово, во објектот на Општина Демир Хисар за субјектите до Демир Хисар и во објектот на Уни банка за субјектите од Крушево.

Централниот регистар ги информира самостојните вршители на дејност дека билансот на приходи и расходи треба да се достави согласно со новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејнос.

Поврзани новости