При кражба во Карпош, украдено оружје, пари и накит

by fokus

Две пушти, пиштол, златен накит и 70 евра биле украдени од куќа во Карпош, во текот на вчерашниот ден. Кражбата ја пријавила Л.З од Скопје, а одземените оружја припаѓале на нејзиниот починат сопруг.

„На 09.08.2018 година во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, Л.З. (53) од Скопје пријавила дека истиот ден во периодот од 09.45 часот до 11.30 часот непознат  сторител извршил тешка кражба во нејзината куќа на ул.„Франц Прешерн“. Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел две пушки и пиштол марка „Црвена Застава М-88“ калибар 9 мм, сопственост на нејзиниот починат сопруг, златен накит и 70 евра, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости