Преживеаниот пилот: Турците не не предупредија пред да го соборат авионот

by Фокус

Еден од двајцата пилоти на рускиот авион кој вчера беше соборен од страна на Турција, Константин Мураткин, успеал навреме да се катапултира и сега закрепнува во руската воздухопловна база во Латакија, северна Сирија. Тој тврди дека авионот во ниту еден момент не влегол во турскиот воздушен простор, ниту пат турските авиони испратиле предупредување до пилотите.

-Всушност, воопшто немаше никакво предупредување. Ниту преку радио, ниту визуелно, така што во ниеден момент ние не го сменивме нашиот курс. Мора да ја разберете разликата во брзината помеѓу тактичкиот бомбардер како што е Су-24 и таа на Ф-16. Ако сакаа да нè предупредат, можеа и да ни седнат на крилото, рече пилотот на соборениот авион.

Тој додаде дека проектилот го погодил задниот дел од авионот изненадно и немале време ниту да направат маневар за избегнување. Кога авионот бил погоден и паднал во Сирија, двајцата пилоти се катапултирале. Капетанот Сергеј Румјанцев бил убиен: една бунтовничка туркменистанска бригада тврди дека нејзини припадници го застрелале додека паѓал со падобранот. Мурактин беше спасен во 12-часовна заедничка операција на руските и сириските специјални сили, во која загина еден руски маринец.

 

Поврзани новости