Преживеа три терористички напади, а денеска потпиша за Лион

by fokus

Белгискиот фудбалер Џејсон Денајер го напушти Манчестер Сити и пристигна во Олимпик Лион, објави на веб-страницата францускиот клуб. Како што е соопштено, 23-годишниот дефанзивец потпиша четиригодишен договор, за сума од 10 милиони евра.

Денајер пред две години остана неповреден при терористички напади во Анкара и Истанбул, а потоа се извлекол и при терористички атак на аеродром во Брисел.

Тој во Сити дојде 2013 година, кога имаше 18 години, но никогаш не доби шанса да дебитира. Клубот од „Етихад“ го испрати на заем во Селтик, Сандерленд и Галатасарај во два наврати, за да биде конечно продаден оваа година.

Минатата година играше 22 натпревари за турскиот клуб, додека за репрезентацијата на Белгија бележи осум настапи.

Поврзани новости