Преземаме стандардни мерки, велат од МВР за тврдењата на Јанкулоска дека нејзината зграда е под опсада

by fokus 17:01
17:01

Преземаме стандардни мерки, велат од МВР за обвинувањата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска дека зградата во која живее е под опсада и која со слика од полициско возило пред нејзината зграда порача дека „не бега никаде и е дома“.

-Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г.Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации е надлежен судот, велат од МВР.

- Advertising -
Banner 300x250_

Инаку домот на поранешната министерка е веднаш до зградата на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости