Презакажано рочиштето за „Поткуп“

by fokus

Рочиштето за случајот „Поткуп“ во кое обвинет е лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска е одложено.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска информираше дека  на 12 септември примиле известување од бранителот на Заев дека Заев ќе отсуствува бидејќи е на службено патување во Тирана. Таму Заев учествува на состанокот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На денешното рочиште не се појавија и адвокатот на Заев, Филип Медарски, и сведокот Иван Николов. Следното рочиште е закажано за 22 ноември.

Поврзани новости