Превозниците ќе можат да ги наполнат сите седишта, одлучи Владата

by Fokus

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 проценти на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.

Како што соопшти владината прес-служба, превозниците се обврзани одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.

-Донесена е и одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја, информира Владата.

Поврзани новости