Претседателските кандидати ќе учествуваат на трибина „Деградација на животната средина – Закана по националната безбедност“

by fokus 09:33
09:33

 Во организација на Граѓанското здружение О2, денеска во Скопје ќе се одржи трибината на тема „Деградација на животната средина – Закана по националната безбедност“ на која ќе учествуваат тројцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска Давкова, Блерим Река и Стево Пендаровски.

-Во пресрет на претседателските избори, имајќи ја предвид сериозната состојба со загадувањето и масовна и сеопфатна деградација и уништување на животната средина и на еколошките потенцијали во нашата земја, каде само поради аерозагадувањето имаме огромен број на човечки жртви, сметавме дека претседателот во доменот на своите ингеренции може, треба и е неопходно да влијае врз решавањето на овој огромен проблем, велат од  Граѓанското здружение О2.
На трибината, меѓу другото, ќе се дебатира за одбраната на националните интереси, заштита и унапредување на животот и на здравјето на граѓаните и заштита и унапредување на животната средина во 21от век, за одлуката на претседателот да предложи вонредна состојба при големи природни непогоди, за начинот на учество на дел од Армијата во кризна состојба, како поддршка на полицијата, шумската полиција.

Поврзани новости