Претседателот Пендаровски денеска ќе се обрати за вонредната состојба

by Fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите.

Од Кабинетот на претседателот  посочуваат дека тој ќе одговори на многу прашања кои деновиве се отворија во јавноста, а се однесуваат на состојбата во земјата поврзано со кризата со коронавирусот односно дали ќе има седница на Советот за безбедност и нова вонредна состојба, што исто така се поврзува со одржување на предвремените парламентарни избори.

Се очекува тој да каже дали ќе има лидерска средба за датумот за избори. Засега нема партиски консензус за датум за парламентарни избори.

Претседателот Пендаровски, последната 14-дневна вонредна состојба, која требаше да помогне за реализација на мерките за справување со корона кризата, ја прогласи на 30 мај, а истекува в сабота.

Поврзани новости