Претседателот нема законско право да аболицира

by Фокус

Движењето за социјална правда Ленка смета дека Претседателот на РМ нема право на аболиција поради „интерес за Републиката“ (по чл. 11 од Законот за помилување /1993).

– Имено, членот 11 од Законот за помилување е избришан со Законот за изменување и дополнување од 2009 – којшто, пак, е укинат од страна на Уставниот суд. Правно каќано, тоа значи дека членот 11 е „мртов“ и Уставниот суд нема право да го оживее. Тоа право го има само Собранието на РМ, кое сега е распуштено. Со ова ВМРО –ДПМНЕ само си пукаше в нога и влезе во уште поголем криминал и кршење на Уставот – велат од Ленка.

Од Ленка натаму тврдат дека во конкретниов случај, со иницијативата всушност се бара Судот да ги укине оспорените одредби од Законот и да ги врати во важност претходно важечките одредби кои ги содржеле деловите кои со оспорените одредби се бришани.

– Имајќи предвид дека согласно членот 110 од Уставот, Уставниот суд не е надлежен да врши законодавна функција и да нормира прописи, со враќање во сила на оние одредби кои повеќе не се во правниот поредок, ниту пак, има процесни претпоставки да постапува по иницијативата, односно да ја цени уставната основаност на бришаните одредби и од друга страна уставната основаност на одредбите со кои тие биле бришана од Законот, како и оправданоста на овие законски решенија, Судот оцени дека во конкретниот случај се исполнети условите од членот 28 алинеи 1 и 3 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата – информираат од Ленка.

Поврзани новости