Претседателот на Грција жали за жртвите на Халкидики

by fokus

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос изрази жалење за жртвите и изрази сочувство и поддршка до семејствата на загинатите во невремето на Халкидики, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

Сочувство и жалење изразија и од Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот Твитер профил, при што се потенцира дека се во континуирана комуникација со амбасадите на земјите чии што државјани беа погодени во невремето.

Поврзани новости