Претседателот на Филипини: Или ќе се вакцинирате или одите во затвор

by fokus

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте им се закани со затворска казна на граѓаните кои ќе одбијат да се вакцинираат против корона вирусот додека земјата води голема битка со вирусот и има преку 1,3 милиони заразени и повеќе од 23 илјади мртви.

-Вие одлучувате, или ќе се вакцинирате или одите во затвор, им порача Дутерте на граѓаните во телевизиско обраќање по извештајите за слабиот одѕив за вакцинација во главниот град Манила.
Неговите забелешки се во спротивност со наводите на здравствените службеници кои рекле дека, иако граѓаните се поттикнуваат на вакцинација, сепак таа е доброволна.

До 20 јуни на Филипините потполно се вакцинирани 2,1 милион луѓе, што е многу мал напредок со оглед на тоа дека владината цел е до крајот на годината да се вакцинираат 70 милиони луѓе, во земјата којашто брои 110 милиони жители.

-Немојте погрешно да ме сфатите, но земјата е во криза. Огорчен сум на граѓаните кои не ја почитуваат својата влада, рекол Дутерте. Тој веќе беше критикуван поради остриот пристап за сузбивање на заразата, а меѓу останатото и за цврстата одлука училиштата да останат затворени.

Поврзани новости