Претседателот го потпишал Законот за државјанство, бара подобрување на Изборниот законик

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска ставил потпис на измените на Законот за државјанство кој го изгласаа пратениците. Со овие измени секое барање треба да се реши во рок од шест месеци, а постапката да заврши за три години.

Позитивен одговор следува за оние што ќе приложат било каков документ со кој ќе докажат дека живееле во земјава пред нејзиното осамостојување. Тоа може да биде извод од родените, свидетелство, платена сметка, платен данок, лична карта или пасош од СФРЈ, здравствена книшка или извештај за лекување, поседовен или имотен лист и друго.

Пендаровски најавил дека нема да ги потпише измените на Изборниот законик со кои независните листи треба да соберат потписи од два отсто од избирачите во таа општина. Претседателот бара подобрувања, во спротивно таков Изборен законик нема да потпише.

Поврзани новости