Претседателката на ССК, Арсовска нов почесен конзул на Унгарија во земјава

by fokus 14:54
14:54

Владата на седница одржана на 29 декември минатата година донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија во Штип, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, која стапи на сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30 декември 2020 година, информираат денеска од Сојузот на стопански комори (ССК).

Арсовска како претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, велат оттаму, активно работи на развој на македонската економија на национално и промоција на меѓународно ниво, како и на подобрување на надворешната трговска размена, со цел намалување на трговскиот дефицит и зголемување на економскиот раст.

- Advertisements -

 

Поврзани новости