Претседателката на ЕК се вакцинираше против Ковид-19, но не кажа со која вакцина

by fokus

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево преку Твитер информираше дека денеска ја примила првата доза на вакцина против Ковид-19.

-Откако ја надминавме стапката на сто милиони вакцинации во ЕУ, многу сум среќна што ја добив првата доза против Ковид-19 денеска. Вакцинацијата и натаму ќе се забрза затоа што испораките се забрзуваат. Што побргу се вакцинираме толку побргу ќе ја ставиме пандемијата под контрола, напиша фон дер Лајен, но не прецизираше која вакцина ја примила.

Поврзани новости