Претседателката на Антикорупциска комисија: Ќе вршиме проверка дали администрацијата учествува на митинзи!

by Fokus

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во неделното интервју на РСЕ, говореше за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат за еден месец.

„Многу предизвици има пред оваа Државна комисија за спречување на корупцијата. Пред нас се претседателските избори, ние се подготвуваме, правиме една листа на активности, коишто планираме да ги спроведеме во врска со претседателските избори. Според законот, имаме обврска да ја следиме изборната кампања и да го следиме финансирањето на политичките партии. Веќе преземавме една активност, испративме барање до сите јавни институции да ни достават список на нивните службени возила, по марка и по регистрација, да изготвиме една база на податоци со сите службени возила којашто ќе ја ставиме на нашата веб страница и која ќе можат да ја користат и невладините организации коишто со свои набљудувачи исто така го следат изборниот процес. Намерата е да спречиме незаконско користење на буџетски капацитети, во случајов службени возила, имајќи ги предвид информациите од претходни изборни кампањи дека во најголем број случаи се злоупотребуваат службени возила. Исто така, знаејќи дека се злоупотребуваат и човечките ресурси, односно вработените во јавната администрација, планираме да правиме и случајни проверки на листите за евиденција за одење и доаѓање на работа, а ќе имаме и дојави од посматрачите, и во тие што ќе бидат ризични институции ќе вршиме проверки дали некој од вработените учествувал во изборните кампањи за време на работа“, вели Ивановска.

Поврзани новости