Претседателите, членовите во управни одбори, комисии, тела сепак ќе земат паушали и покрај кризата- Уставен ја поништи Уредбата

by fokus

Уставниот суд ја поништи Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба.

Тоа значи дека судот оценил дека оваа уредба е неуставна и дека на сите кои им биле ограничени овие надоместоци за време на вонредната состојба ќе треба да им се исплатат.

Претходно Судот да ја поништи уредбата на Владата, според која обвинителите, судиите, пратениците, како и другите избрани и именувани функционери требаше да земаат плата од 14.500 за април и мај. И покрај кризата која ја предизвика новиот вирус, сепак судиите и функционерите земаа цела плата.

Поврзани новости