Претреси во Лојане и Ваксинце – пронајдени 28 мигранти и приведени три лица

by fokus

Дваесет и осум мигранти пронашла полицијата при претрес на куќи во селата Ваксинце и Лојане во Куманово.

Во селото Ваксинце полицијата пронашла 10 мигранти од Бангладеш, а во селото Лојане се пронајдени 18 мигранти од Пакистан и Авганистан, од кои четири малолетници.

При претресот во Ваксинце се приведени две лица осомничени за криумчарење мигранти, а во Лојане еден. Приведените денеска треба да бидат изведени пред Суд, а мигрантите ќе се однесат во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.

Поврзани новости