Претреси на повеќе локации, пронајдени хероин, кокаин, украдени ексклузивни часовници и златен накит

by Fokus

Денеска (14.05.2023) од страна на полициски службеници беа вршени претреси во домови, возила и помошни објекти на подрачјата на неколку сектори за внатрешни работи, при што беа пронајдени повеќе предмети поврзани со различни кривични дела.

Така, инспектори од Одделот  за крим полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје Битола, при претрес извршен со наредба од судија на претходна постапка од Основен суд  Битола во домот на Т.П.(48) од Битола пронашле и одзеле поголем број предмети кои потекнуваат од кривичните дела “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, “кражба” и “тешка кражба”.

Во пронајдените предмети се кутија со бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, повеќе ќеси со остатоци од бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од кокаин, таблети, нож со остатоци од кокаин, скенер-детектор, лаптоп компјутер, два мобилни телефона, пет екслузивни рачни часовници, повеќе парчиња златен накит, над осум илјади евра во различни апоени, 600 австралиски и 800 американски долари, 30 илјади денари, патничко возило “БМВ”, со битолски регистарски ознаки.

За случајот е известен Јавен обвинител и по неговото целосно  документирање против Т.П. ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани новости