Претрес во фирмата поврзана со софтверот што го набави Рашковски

by fokus 11:14
11:14

По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово бил извршен претрес во фирмата „Инвока гроуп“, која победи на тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци што го спроведе Генералниот секретар на Владата во време кога со него раководеше Драги Рашковски.

Обвинителката Вилма Русковска за Фокус потврди дека се вршат претреси, но не во домот на Рашковски туку во седиштето на фирмата. Русковска вели дека имало и други претреси и кај сопственикот на фирмата.

- Advertisements -

Сторијата за набавка на софтверот ја објави „360 степени“, односно дека Рашковски како генерален секретар набавил софтвер за сообраќајни прекршоци во вредност од 81.000 евра, за потребите на Министерството за внатрешни работи, а оттаму, пак, велат дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба.

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости