Претрес во домот на словенечкиот министер за економија поради сомнежи за корупција

by fokus

Словенечките истражни органи со цел да соберат докази околу сомнежите за корупција при набавката на респиратори и медицинска опрема прават претреси на 11 локации, меѓу кои и во домот на министерот за економија Здравко Почивалшек, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според Телевизија Словенија (РТВ), ова претставува своевидна кулминација на двомесечната истрага која почна по емитувањето на емисијата „Тарча“ на државната телевизија, каде беа објавени документи и снимени телефонски разговори за наводен системски криминал при осуммилионската набавка на медицинска опрема.

РТВ објави дека инспекторите правеле претрес и во седиштето на компанијата „Генепланет“, преку која се направи набавката на опремата.

Инаку, овој случај беше повод за антивладините протести кои секој петок се одржуваат во Љубљана и другите поголеми градови.

Почувалшек ја „преживеа“ и интерпелацијата во Собранието, што му ја поднесоа сите опозициски парламентарни партии.

Поврзани новости