Претепани момчиња во Ѓорче Петров додека седеле во кола на паркинг

by fokus

Две момчиња во Ѓорче Петреов вчера попладнето биле претепани од поголема група на лица, додека седеле во кола на паркинг простор на улицата „Есперанто“, информираат од полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле 22-годишниот А.М. и неговиот 16-годишен другар. Според записникот на полицијата, додека седеле во колата до нив се доближила поголема група на лица кои им ги отвориле вратите од возилото и физички ги нападнале удирајќи ги со боксови и нозе во пределот на лицето и телото.

Од извршениот физички напад двајцата се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и оток по лицето и  телото. Се работи на целосно расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Поврзани новости