Претепаната девојка вели дека видеото е старо два месеци: Бев лом, ме тепаа со клоци!

by Фокус

Видеото од претепувањето на девојка од страна на двајца штипјани што излезе денеска е старо два месеци, вели претепаната девојка за телевизијата Клан. Таа вели дека била во врска со еден од двајцата насилници, но раскинале.

-На татко ми му е лошо откако синоќа го виде видеото на кое ме тепаат со клоци. Тој не заспа и само пуши цигари… Пепи ми се закануваше, јас и тој одамна раскрстивме, ама не сакав да си имам проблеми. Бев лом, ме тепаа со клоци – вели девојката.

Инаку, СВР Штип денеска ги приведе двајцата штипјани кои ја навредувале и претепале девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, при што целиот случај го снимиле на мобилен, а видеото се најде на социјалните мрежи.

Поврзани новости