Претепан Турчин во Скопје поради расправија за девојка

by Fokus

Дваесет и петгодишниот Р.Џ.Ј. од Турција, со привремено сместување во Скопје, ноќеска бил нападнат од страна на 10 непознати лица, државјани на Турција, на Кеј 13-ти Ноември.

Според полицијата, физичкиот напад бил извршен поради претходна расправија во врска со девојка. Р.Џ.Ј. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости