Претепан 15-годишник од Никиштани во 22-ка

by fokus

Ученик од Средно училиште “Цветан Димов“ вчера околу 19 часот бил претепан во автобус со број 22 по што побарал лекарска помош во Градската општа болница “Наум Охридски“.

15-годишникот од скопското село Никиштани, каде што живее албанско население, пријавил дека се здобил со повредите откако бил нападнат од повеќе ученици во автобусот кој сообраќал на булеварот „Партизански Одреди“.

Од страна на лекар констатирани му се телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

 

Поврзани новости