Пресврт во Виница, ВМРО-ДПМНЕ остана со само две општини во вториот круг

by fokus

Додека трае се уште пребројувањето на гласови дојде до пресврт во Виница, една од трите општини каде што водство имаше кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Според последните резултати на Државната изборна комисија победи кандидатот на СДСМ, Ивица Димитров со 5.580 гласа, наспроти кандидатот на Мартин Павлов кој освои 4.682 гласа. Пребројани се сите избирачки места.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ останува само со две добиени општини во вториот круг од локалните избори, Кавадарци и Зрновци, додека СДСМ со победа во 19 општини.

Поврзани новости