444
Шефот на државата Ѓорѓе Иванов денеска на средба ќе прими преставници на Студентскиот и Професорскиот пленум информираа од кабинетот на претседателот. Досега неколку пати, и студентите и професорите упатија апел до Иванов дека треба да застане на нивна страна и да стави вето на новите законски измени во високото образование. Средбата ќе се одржи во 16 часот.
Професорскиот пленум пред неколку дена отвори петиција за собирање потписи до претседатеклот на државата, барајќи од него да застане зад своите колеги, професори и студенти и да стави вето на пакетот закони.