Пресечен меѓународен канал за трговија со хашиш, приведено едно лице на Деве Баир

by Fokus 10:19
10:19

Запленети се 14 килограми хашиш смола и хашиш масло на граничниот премин Деве Баир, информираше портпаролoт на Министерство за внатрешни работи, Тони Ангеловски.

Во текот на вчерашниот ден на 7 март, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Република Албанија преку Република Северна Македонија, Бугарија, а крајна дестинација Турција.

- Advertisements -

– По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од РСМ) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60) при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава. МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Завчера беа запленети над половина тон марихуана, а акциите продолжуваат и во наредениот период, рече Ангеловски.

 

Поврзани новости