Премиерот Заев за празникот Успение на Пресвета Богородица: Треба да си помагаме, меѓусебно да си пружаме рака

by fokus

Сите минливи дневни искушенија се решливи со љубов, радост и добрина, порача денеска премиерот Зоран Заев, од Крива Паланка каде присуствуваше на Божествената литургија посветена на Успението на Пресвета Богородица во храмот на манастирот св.Јоаким осоговски. Тој оттаму упати честитка до сите верници.

-Дозволете ми да им го честитам на сите христијани големито празник Успение на Прсевета Богородица, празник на љубовта и радоста. Колку и да изгледа чудно што со радост го славиме успението на Богородица во царството Божје, по нејзината смрт, но дотолку повеќе се потврдува дека во димензиите на вечноста овие вредности се исто така вечни. Споделувањето на овие вредности, љубовта и радоста, заедно со добрината не упатува на помислата дека многу често ги забораваме под притисокот на минливите дневни искушенија. Јас сум сигурен дека сите тие стануваат решливи со радсот, добрина и љубов, рече премиерот Заев.

Порача дека како добри луѓе, треба да си помагаме, меѓусебно да си пружаме рака  и заедно да се надеваме на подобра иднина за сите нас во нашата земја. 

Поврзани новости