Премиерот Заев се сретна со Могерини во Брисел

by fokus

Започна средбата на премиерот Зоран Заев со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, во Брисел.

Со оваа средба, започнаа интензивните дипломатски средби на премиерот Зоран Заев со челниците на ЕУ и НАТО.

-Нова енергија во односите меѓу Македонија и ЕУ, вака од Владата беа најавени денешните средби на делегацијата од Македонија во Брисел.

Пред доаѓањето на премиерот во Брисел, тој порача дека владата е целосно посветена со конкретен план за реформи заедно со институциите на ЕУ, посветено да работи на изнаоѓање решенија, не само за процесот на преговори, туку и за реформите на домашен план кои треба да ја вратат довербата на граѓаните во институциите и владеењето на правото.

Во делегацијата се и министерката за одбрана и вицепремиер Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

 

Поврзани новости