Премиерот Заев на средба со турската амбасадорка Кара

by fokus

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со амбасадорката на Република Турција во Македонија, Еркал Кара. Тие на средбата разговарале за унапредување на соработката помеѓу државите врз демократски принципи, на економски план, како и во сите други области од интерес на граѓаните на двете држави.

На средбата се разговарало и за надминување на постоечките административни бариери со кои се соочуваат инвеститорите во Македонија, како и за интересот на турските инвеститори за вложувања во Македонија.

„Примарна цел на Владата е да ги унапредува односите со сите држави, посебно со земјите пријатели на Република Македонија. Граѓаните на Македонија очекуваат европски перспективи и Владата што ја предводам е подготвена да ги земе предвид сите позитивни искуства на патот кон интеграциите“, изјави премиерот Заев.

Од страна на турската амбасадорка била реафирмирана и поддршката на Република Турција за интеграцијата на Република Македонија во НАТО Алијансата.

Поврзани новости