Премиерот Заев донираше за ЛГБТ сигурната куќа

by fokus 23:36
23:36

Премиерот Зоран Заев вечерва присуствуваше на петгодишнината од основањето на  центарот за поддршка на ЛГБТИ и стана првиот македонски премиер кој дал отворена поддршка на ЛГБТ заедницата.

Тој ја уплати и првата донација во Сигурна куќа за заштита и згрижување на лицата на кои им е потребна помош, а останале без работа или дом поради својата сексуална ориентација.

- Advertising -

-Демократијата не се стекнува преку ноќ, ниту пак е нешто дадено еднаш засекогаш. Ја развивавме секој ден, со тоа што се развиваме пред сѐсамите себеси, низ надминувањето на наметнати или наследени предрасуди и стигми, испречени како предизвици за да извлечеме поука, што е најдобро. Како и да е, еден од темелите на демократијата е почитувањето на човековите права и Владата ќе направи сѐза да ја овозможи оваа уставна придобивка на секој граѓанин во Република Македонија, рече премерот Заев.

Тој вети поддршка за ЛГБТИ, нов Закон за заштита од дискриминација, изнесување пред лицето на правдата на виновниците за инцидентите и нападот центарот.

Поврзани новости