Премиерот Заев до британската премиерка Меј: Граѓаните и Владата на Македонија решително стојат до Британија против насилството и тероризмот!

by Fokus

Премиерот на државата, Зоран Заев упати телеграма со сочувство до британската премиерка Тереза Меј и до граѓаните на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, по синоќешниот грозоморен напад во Лондон во којшто има загинати и повредени.

– Најостро го осудуваме овој шокирачки кукавички напад врз невини жители на Лондон, на Лондонскиот мост и во околните ресторани, меѓу кои има и посетители на Лондон. Секој акт на загрозување човечки животи, каде и да се случи е загрозување на слободата и спокојот на целото човештво. Се солидаризираме со граѓаните на Велика Британија и цврсто и решително застануваме на страната на Британија – истакна Заев.

 

Поврзани новости