Премиерот Ковачевски даде знак за почеток на изградбата на коридорот 10-д

by Fokus

Со откривање табла на која стои „Поставување камен-темелник на проектот Коридор 10-д“ денеска започна изградбата на автопатот Прилеп – Битола, долг 39,3 километри.

Почетокот го означи премиерот Димитар Ковачевски, кој мавтајќи со зелено знаме, даде знак за старт на работите.

„Нека е со среќа“ – порача Ковачевски.

Според него, овој проект е траен влог и наследство за следните генерации.

„Изградбата на коридорите 8 и 10-д значи нови 8 000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарда евра и номинален раст на БДП од два отсто во наредните пет години на годишно ниво. Се отвораат можности за нови бизниси, за изградба на објекти од различни дејности и со тоа дополнителни нови работни места. Коридорите 8 и 10-д досега беа само на хартија. Овие проекти се од национален и стратешки интерес, а придобивки ќе имаат граѓаните, економијата и државите што ги поврзува овој коридор“ – истакна премиерот.

Според Ковачевски, изведбата на делницата заедно со автопатите од Коридорот 8 се најголемата капитална инвестиција во земјава која ќе биде пресвртница во развојот на државата.

Вицепремиерот Артан Груби, овојпат беше облечен во бела маица на која стоеше отпечатен бројот на Коридорот 10-д.

Тој порача: „Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел“.

Поврзани новости