Премиерот ги прими хуманитарците од „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Интернационалната асоцијација на Лајонс клубовите (ЛЦИ), „Лајонс Дистрикт 132-Македонија“, предводена од Небојша Давидовски, основач на првиот Лајонс клуб во земјата, придружуван од членовите Соња Бојаџиева и Зоран Трајковски.

-Премиерот Заев, на средбата ја поздрави хуманитарната мисија на меѓународната организација, насочена кон организирање на различни активности заподобрување на животот на слепите и слабовидните лица, лицата болни од дијабетес, социјално ранливите категории, како и активностите во областа на екологијата.

Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“ го запознаа Премиерот со своите најнови активности, конкретно со соработката со локалната самоуправа за организирање акции за подобрување на животната средина, како што е уредувањето на паркови и садење зеленило и бели рози кои помагаат за почист воздух, се вели во владиното соопштение.

Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија средбата ја искористија да го поканат премиерот да го отвори Европа Форумот – 2018, кој ќе се одржи од 25-27 октомври годинава во Скопје.

Поврзани новости