Премиерот Димитриев ќе пушта улици во Кочани

by Фокус

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска ќе оствари посета на oпштина Кочани.

Според планираната агенда, техничкиот премиер Димитриев ќе присуствува на пуштање во употреба на две новоасфалтирани улици од проектот „Асфалтирање на 10 улици во град Кочани“, населба Драчевик.

Потоа, Димитриев  ќе оствари средби со граѓани на Кочани , по што ќе следи и посета на населено место Оризари каде повторно ќе се сретне со граѓаните.

Поврзани новости