Прелева Дебарското Езеро

by fokus

Поради зголемениот дотек на вода од реките Радика, Гарска Река и Црн Дрим, но и од другите локални притоки, акумулацијата „Дебарско Езеро“ е преполна и веќе се прелева преку преливната шахта. Тоа значи дека е надмината максималната кота од 580 метри.

Преку преливната шахта се прелеваат најмалку по седум метри кубни во секунда.

– Високите температури кои условуваат топење на снегот во планинските предели, прдонесоа зголемен дотек, кој во просек изнесува над 180 метри кубни вода во секунда, со тенденција на зголемување. Како резултат на многу поволната хидрологија ХЕ„Шпилје“ работи под полн капацитет и до сега, потврдуваат од ЕЛЕМ.

Според нивите проценки, во акумулацијата има резерва на вода за производство над 44 милиони киловат часови електрична енергија, а ХЕЦ „Шпилје“, која работи според потребите на системот дневно произведува по 1,95 милиони киловат часови.

Поврзани новости