Преку проверка на листинзи од телефони што ги украл полицијата фати разбојник од Скопје

by fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „разбојништво“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу  55.950 денари.

Првото кривично дело го извршил на 20.01.2018 година околу 07,35 часот, во аптека лоцирана на булеварот „Јане Сандански“ на тој начин што откако влегол во аптеката со закана со пиштол кон вработените, влегол позади работниот пулт каде од касата одзел пари, а потоа и на двете вработени им ги побарал и одзел мобилните телефони, по што го напуштил местото на настанот.

Второто кривично дело го извршил истиот ден околу 19,15 часот на улицата „Христо Татарчев“ во продавница, на идентичен начин како и претходно. Имено, откако дошол и влегол во продавницата и со закана со пиштол кон вработената и наредил да се тргне од пултот, и рекол да влезe во тоалетот. Откако вработената постапила како што и кажал Д.Ј. ја отворил касата, ги одзел парите, и од пултот го одзел и паричникот на оштетената во кој имало лични документи, пари, кредитни картички, здраствени картички и еден мобилен телефон. По извршеното кривично дело, осомничениот го напуштил местото на настанот.

Врз основа на издадена наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, од страна на операторите добиени се телефонски листинзи од кои е констатирано дека еден од украдените мобилни телефони го користело лице од с.Грчец. Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, лицето било повикано на службен разговор во кој истиот појаснил дека мобилниот телефон го купил од лице на Бит Пазар. По преземени мерки, бил утврден идентитетот на лицето од кое биле купени украдените мобилни телефони, и истиот бил повикан на службен разговор, во кој појаснил дека на 21.01.2018. година од Д.Ј. откупил два мобилни телефони.

 

Поврзани новости