Прекршочни за Сител, Алфа и Нова

by fokus 17:26
17:26

Со три гласа „за“ и два против, Комисија за следење на медиумското претставување, предложи поведување прекршочни постапки против телевизиите Сител, Алфа и Нова.

Според одлуката на Комисијата, постапките за телевизиите Сител и Нова се поведуваат поради членот 75, став 1, кој регулира балансираност во известувањето, додека за телевизија Алфа постапката е поведена според член 75 став Б од законот, кој забранува прилози со кои може да се остави впечаток дека активности на државните органи се и партиски активности.

- Advertisements -

Двајцата членови кои гласаа против овие предлози најавија поднесување издвоени мислења и изнесоа забелешки за недоследно применување на законот и методологијата на Агенцијата за медиуми.

Поврзани новости