395
Министерството за внатрешни работи поднесе две прекршочни пријави против К.П. од Скопје за нападот на Павле Беловски, новинарот од телевизија „Телма“.
-Вчера околу 21 часот, на улица Димче Мирчев, пред главната капија на МВР, Б.П. (29) бил физички нападнат од К.П. (32) од Скопје, при што повеќепати бил удиран со раце и со нозе во главата и по телото и му биле нанесени видливи повреди. К.П. бил приведен во полициската станица Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12- информираат од МВР.
Инаку, по нападот на репортерот, со реакции на осуда излегоа новинарските здруженија, Самостојниот синдикат на новинари, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и неколку политички партии.