Прекинато примирјето во Газа: Израел изврши масовни напади, убиени над 200 луѓе

by Fokus

Израел утрово започна масовен бран возудушни напади врз Појасот Газа, во кој според извештаите на светските агенции се убиени над 200 лица. Изралеската војска соопшти дека цел на нападите, кои се најтешки во енклвата откако стапи во сила прекинот на огнот во јануари, се позиции на Хамас во Газа.

Ненадејниот напад го потресе периодот на релативен мир за време на светиот муслимански месец Рамазан и ја зголеми можноста за целосно враќање на борбите во 17-месечната војна во која загинаа десетици илјади Палестинци и предизвика уништување на објекти и инфраструктирата во Газа.

Денешнит резултираа со голем биланс на жртви, а Министерството за здравство на Газа соопшти дека се убиени повеќе од 200 луѓе, од кои голем број се жени и деца. Според агенцијата Асошиејтед прес, во воздушните напади досега се убиени најмалку 235 луѓе.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ги наредил нападите поради недостаток на напредок во тековните разговори за продолжување на примирјето. Тој го обвини Хамас дека одбива да ослободи израелските заложници и ги отфрли предлозите на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Официјални израелски лица соопштија дека операцијата е отворена и се очекува да се прошири.

Истовремено милитантната организација Хамас, предупреди дека новите воздушни напади на Израел го прекршиле прекин на огнот и ја загрозиле судбината на заложниците.

Поврзани новости