Прекин на водоснабдување во Капиштец утре

by fokus 15:27
15:27

ЈП Водовод и канализација информираше за прекин на водоснабдување на населба Капиштец.

„Ве известуваме дека на ден 26.03.2019.поради уличен дефект од Ф-150мм и дефект на затворач Ф-150мм на ул.Козара раскрсница со Киро Гавриловски во населба Капиштец пред влезот на Заводот за Рехабилитација, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Козара, Киро Гавриловски, Адам Мицкиевиќ, Агенција за вработување и Заводот за Рехабилитација од 09:00часот до санирање на дефектот“, велат од ЈП Водовод и канализација.

- Advertisements -

Поврзани новости