Преговорите на пауза, министрите и медијаторот на ручек

by fokus

По три часа разговори во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, министрите за надворешни работи и медијаторот направија пауза за ручек.

Преговорите почнаа во 16.30 по македонско време, а 10.30 по њујоршко. Овој пат средбата меѓу Никола Димитров и Никос Коѕијас е во присуство на медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

Пред да започне новата рунда преговори тие се фотографираа како тимски се поздравуваат, а по нивниот израз на лицата може да се забележи оптимизам.

Сепак двете страни отидоа во Њујорк со различни ставови. Димитров ќе се обиде повторно да го стави на маса предлогот „Република Илинденска Македонија“, а Коѕијас очекува дека ќе се разговара за предлозите на Нимиц.

Преговорите продолжуваат по паузата за ручек.

Поврзани новости