Преговори во Пржино: Едните оптимисти, другите констатираа статус кво

by fokus 21:00
21:00

По денешните разговори на претставниците на партиите потписнички на Пржинскиот договор со американскиот и британскиот амбасадор, политичките партии излегоа со различен став за нивната успешност.

За ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преговорите поминале успешно и тие се оптимисти дека има извесен напредок. Од СДСМ сметаат дека не може да прифатат во избирачкиот список да има имиња кои ниту со теренерската проверка, ниту со вкрстената проверка може да бидат верификувани.

-Стравот на СДСМ од избори и од соочување со граѓаните е повеќе од очигледен. Не се согласивме само околу казните за медиумите затоа што од СДСМ бараат поголеми казни, а ние, симболични, од едно евро, рече преговарачот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

 

Поврзани новости