Преговори или штрајк: Синдикатот на УКИМ со ултиматум до Собранието

by Fokus

Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје најавува штрајк, во отворено писмо до Собранието на Северна Македонија, како основач на оваа институција.

Во писмото, кое датира од 27 мај, од Сојузот на синдикати на УКИМ наведуваат дека ќе излезат на штрајк ако во рок од седум дена не добијат писмен одговор од парламентот за почнување колективни преговори.

-Доколку во рок од седум дена не добиеме писмен одговор за отпочнување колективни преговори, ќе бидеме принудени преку штрајк да бараме остварување на нашите права, загарантирани со Устав и закон, се наведува во отвореното писмо.

Од Сојузот на синдикати на УКИМ посочуваат и дека лани на 11 ноември поднеле барање до Собранието, како основач на најстариот и најголемиот универзитет во државата, за почнување колективни преговори и потпишување колективен договор на ниво на работодавач. Но, како што се наведува, до денеска Синдикатот не добил никаков одговор од Собранието.

-Согласно со законските прописи, сите услови се исполнети од наша страна, како репрезентативен синдикат на УКИМ, се наведува во писмото до Собранието.

Поврзани новости