Преголем интерес за помош на Марко Чаласан, се чека да се отвори донаторска сметка

by fokus

Граѓаните од Македонија, но и од странство кои сакаат да се вклучат во донаторската акција „Фокус“ за Марко Чаласан (16), малиот компјутерски Моцарт, кој пред неколку дена ја изгуби својата мајка Радица, која му беше најголема поддршка и ПР менаџер , ќе можат да го направат тоа откако ќе бидат завршени административните процедури, по што ќе биде отворена донаторска сметка.

Преголем е интересот на граѓаните кои сакаат да се вклучат во хуманитарната акција – ги молиме за трпение додека не заврши процедурата за отворање на сметката која ќе биде објавена во наредните денови во „Фокус“ .

Како што објавивме претходно, на Марко кој живее под кирија во Скопје, потребно му е покривање на сметките, на киријата, но и средства за живот во наредните две години. Кога ќе го заврши школувањето, тој ќе замине на студии во Америка.

 

 

Поврзани новости