Прегазила старец во Скопје и избегала

by fokus

77-годишен старец од Скопје бил прегазен на 26-ти овој месец во Скопје од автомобил, управуван од женско лице. Истото лице по незгодата го напуштило местото на настанот.

„На 26.11.2018 година во 14.30 часот во близина на крстосница на улиците „23 Октомври“ и „Коста Новаковиќ“ во Скопје, возило управувано од женско лице удрило во пешакот Ј.С.(77) од Скопје и подоцна го напуштило местото на настанот. Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градска болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости