Прегазил две девојки во Скопје и избегал

by fokus

Вчера попладне, две девојки од Скопје биле прегазени од автомобил, а возачот по незгодата, веднаш го напуштил местото на настанот.

„На 20.10.2019 во 18.40 часот на бул.„Кочо Рацин“, пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје, удрило во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје. А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица. Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости